На Фолк вечерта, низ која што водеше Каролина Петковска, слушнавме 16 песни, а  наградените интерпретатори се: Перо Христов- прва, Ирена Спасовска- втора а Барбара Јаковлеска трета награда од жирито.

Самите пејчи ги изгласаа наградите од публиката, па така Благица Павловска се пласира на прва, Дарко Билбиловски на втора а Јагода Крнетиќ- Јефтиќ на третата позиција.

Наградата за сценски настап им припадна на дуетот Баже Груевски и Сани, песната „Љубов вечно да не грее“ што ја изведе Петар Нечовски ја доби наградата за најтрубадурска, наградата за интерпретација и припадна на Ирена Спасовска а најдобриот аранжман е на Дејан Миленковски за песната што ја пееше Ибуш Ибраимовски.

Во Интернационалната вечер наградите им припаднаа – за аранжман, на Кристи Паша што ја пееше гостинка од Албанија, Рина Рамадани.

Жири комисијата своите гласови им ги даде и на Славен Кнезовиќ (трета награда), втората ја доби Филип Јордановски а првата му припадна на Владо Калембер.

За најдобар дебитант е прогласен Дарко Капо, наградата „Аце Ангелески“ му припадна на дуетот од Бугарија- Expose, а наградата Долни Сарај ја доби Мелани.

Наградата „Драган Ѓаконоски Шпато“ им припадна на дуетот од Словенија, Инес Ербус & Давид Амаро, а Мирослав Рус ја доби наградата за промоција на музика на Балканот.

Претставниците на публика ги изгласаа- Божидар Волф- трето место, Владо Калембер- второ а гостинката од Црна гора, Јована Мустур Ражнатовиќ со песната „Конте“ се пласира на првото место.