Вокалниот солист Драган Драгаш кој живее во Гетеборг, Шведска ќе го посети Охрид со настапот на 5-ти септември на фолк вечерта на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“.

Драгаш со музика се занимава 28 години, а соработува со целата српска и македонска естрада. Публиката го памети со учеството на шоуто „Никогаш не е доцна“, каде имаше одличен пласман. Во својот музички опус, има свој придонес во создавањето на композицијата „Откако те млада заљубив“, која беше хит во нашата земја во деведесетите години на минатиот век.  Во осумдесетите години минува пет години во Скопје, каде живее и работи, а потоа кариерата ја продолжува низ светот.

„Сметам дека Охрид фест – Охридски трубадури е одличен за чување на маледонската изворна и градска песна. Македонската музика според мене е најбогата на поранешните Југословенски простори, бидејќи е базирана на народни инструменти и мотиви проткаени со тага и печалбарство. Убавината на природата е опеана во голем број песни, а со такво опкружување неможе да се пофали секоја земја“-вели Драгаш.

За својата композиција со која ќе настапи на овогодинешното издание на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“ најавува елегична балада, аранжмански богата и ритмички необична.

„Не очекувам чуда, освен добра критика за песната. Задоволство ми е да учествувам во чувањето на македонските убавини. А, македонската песна е вистинска убавина“-изјави Драгаш.

изјави Драгаш.