Првата награда на публиката ја освои Биба Додева, со песната „Како некогаш“, а на Лорена Бучан и припадна првата награда од стручното жири„Мато Дошен''.
Охрид, 08.09.2019– Годинешното, 26. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ заврши синоќа, со забава на која беа проглесени победниците и доделени наградите.
Првата награда на публиката ја освои Биба Додева. Нејзината песна „Како некогаш“ е автобиографска песна, а Биба на сцена донесе исклучително емотивно. „Како некогаш“, авторски го потпишуваат Ана Бунтеска и Владимир Дојчиновски Дојчин. Втората награда на публиката им припадна на доајените Маја Оџаклиевска и Срѓан Марјановиќ, со „Песочен часовник“, а третата на Александар Митевски и Драган Спасов Дац, со „Цреши охридски“.
Лорена Бучан (Хрватска) - Прва награда од стручното жири„Мато Дошен„;
Славен Кнезовиќ и Анѓелко Ано Ѓурашевиќ (Црна Гора) - Втора награда од стручното жири;
Авењу (Бугарија) -Трета награда од стручното жири;
Горан Шарац – награда за посебен придонес за афирмација на музиката на Балканот;
Јасмин Лопез : Некој рече збогум -Награда од Балканика 60 вртења;
Пепа Димовска - Награда за сценски настап;
Рената Мохорич (Словенија) - Специјална награда Долни Сарај;
Марко Кон (Србија) - Награда за најслушана песна помеѓу двата фестивали, за песната Крошење;
КТЦ и Слим Принс (Шведска)- Специјална награда Аце Ангелески;
Теди Грубица (Хрватска) - Награда за најдобра интерпретација
Толис Дамианос (Грција) - Награда за најдобар дебитант;
Клавдија (Бугарија) - Награда за најдобар текст
Дејан Божовиќ (Црна Гора) - Награда за најдобар аранжман –за песната Паника, исполнета од Лука Радовиќ
Во официјалната програма на третата и последна вечер на Фестивалот се наоѓаа 22 песни на познати автори и пејачи од регионот и од Европа, како и македонските интерпретатори кои освоија награди на Поп вечерта.