Изведувачи на Интернационалната вечер (11 септември) на Охрид фест се: од Србија- Марко Кон, Срѓан Марјановиќ и Марија Лукиќ, од Хрватска Владо Калембер, Дарко Капо и Теди Грубица, од Црна Гора, Славен Кнезовиќ и Јована Мустур Ражњатовиќ, а Божидар Волф и дуетот Инес Ербус- Давид Амаро се гостите од Словенија. Од фестивалот во Шибеник, Фестивалот на шансоната, ќе ни дојде победникот. На сцената на Долни Сарај ќе настапи и дуетот од Бугарија- Експозе, од Грција доаѓа Толис Дамјанос, а Рина Рамадани е претставничката на Албанија. Покрај гостите од странство на Интернационалната вечер ќе настапат и нашите изведувачи- групата „Интервали“, Александар Јосифовски, Филип Јордановски, Лена, Мелани, Слободанка Танева, Медеа, Дејан Ефтимов, а акцентот е ставен на новите имиња, идни музички ѕвезди.