Светски призвук и несекојдневен ритам на 26. интернационално издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“, кое ќе се одржи на 7 - ми септември оваа година.

Еминентни музички ѕвезди од Балканот и пошироко, ќе ја разубават сцената во градот бисер Охрид.  Традицијата на фестивалот продолжува, со збогатена програма и ревијален дел. На големо задоволство на советот на фестивалот, пристигнуваат естрадни уметници од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Русија, Германија, Малта, Шведска и Америка.

Во интернационалното шоу сочинето од големите музички имиња, учество ќе земат и десет наши реномирани изведувачи кои ќе бидат наградени во претходната поп вечер на фестивалот.

Македонската публика има привилегија да ги слушне музичките тонови на ексклузивните пејачи и со директниот пренос на МТВ, во што ќе ужива и дијаспората. Во исто време фестивалот ќе биде емитуван во живо на 28 национални телевизии од регионот.

„Охридски трубадури – Охрид фест“ се залага за професионален раст и развој на музичкиот сектор во републикава, со негов континуитет. Афирмацијата на нашите музички имиња, во интеракција со интернационаллните гости овозможува македонските тонови да бидат препознатливи на светската сцена. Мал дел откриваме за љубителите на поп музиката, што ќе имаат чест да ги слушнат познатите  Jim Jidhed , Slim Prince, Eric Bastilijan; Регионалните звезди за сите генерации Срѓан Марјановиќ, Славен Кнежевиќ, Толис Домианос, Аида Дочи; Додека радува фактот што многу пеачи кои одамна стапнале на оваа сцена, повторно се враќаат како Маја Оџаклиевска.

Фестивалот е колаж од три вечери, различни по својот музички правец. Првата е фолк вечер која се одржува на 5-ти септепври, поп вечерта е на 6-ти, а манифестацијата завршува со спектакуларното издание на интернационалната поп вечер на 7-ми септември