Поп пеачката Клаудија од Бугарија беше дел од првото музичко шоу во земјата „Ѕвездена академија 2004“. Завршува високо образование за музичка уметност за поп и џез пеење на Универзитетот „П. Владигеров“ 2005 година. Учествува во повеќе музички шоуа, а соработката со Балканика Тв ја смета за голем успех во кариерата.
„Благодарна сум на моите продуценти кои ми овозможија да учествувам во чувањето на ликот и делото на Тоше Проески. А, со песната што настапувам на интернационалната вечер 7-ми септември на Охрид фест 2019, се надевам на добро прифаќање од публиката“ – изјави Клаудија.