Славен Ќнежевиќ од Црна Гора е извонреден музичар - композитор, вокал и инструменталист.
Од бројните награди за него најдрагата е прогласувањето за најдобар композитор на Евровизија 2005 во Украина. Го издвојува дуетот со нашата Маја Оџаклиевска, со освоеното второ место на „Сунчане скале“.„Пред неколку години ја освоив наградата за најдобра интерпретација на Охрид фест – Охридски трубадури. Особено ми е драго што долги години имам соработка со фестивалот и што оваа година ќе настапам со дуетска песна и мојот колега Анџелко Џураковиќ“ – изјави Кнежевиќ