Босанскиот музички изведувач Елвир Рамиќ, кого публиката ќе има можност да го види на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“ на 5-ти септември, својата кариера ја започнува во осумдесетите години на минатиот век как басист во групата „ ŽAR “. Со рок настапите бендот завзема значајно место во поранешна Југославија. Потоа ги формира групите „MARSHALL“ и „PASSAGE“, кои биле активни до воениот период во БиХ. Со групата „ ARIA“ го издава албумот „Моја љубави“, каде Ели се јавува како автор на музиката, текстот и вокал во неколку композиции. Рамиќ е организатор на првата гитаријада во Босна и Херцеговина, кога го основа бендот „BOJE NOĆI“ и го снима првиот студиски албум во 2001 година.

Со овој бенд изведува повеќе од 30 концерти во Босна и Хрватска, а за прв пат настапува и на интернационалната вечер на „Охрид фест – Охридски трубадури“ истата година во Македонија. Следува основањето на групите „PAPIRI”, “BLACK&WHITE” и „FIJASKO“, со кои има многубројну настапи на мото-клуб забавите и бројни клубови каде се свири урбана музика. Денес е фронтмен на „EUPHORIA“, а како вработен во РТВ Бихаќ ги следи медиумските трендови во музиката.

  • „Носам во себе преубави спомени од фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“. Фестивалот според мене е еден од најзначајните кои се одржуваат на просторите на поранешна Јигославија. Одлична отскочна даска е за сите изведувачи кои сакаат да се претстават на публиката на овие простори“-вели Рамиќ.

За Ели македонската музика отсекогаш била предизвик да ја изведува.

– „Кога се работи за ритамот, секогаш сме тежнееле на нашите настапи да изведеме неколку композиции, бидејќи тие се доказ за музичкото знаење и умешноста во музицирањето“.

Публиката во Охрид може да очекува преубава љубовна песна (дует), со колешката Барбара.

 - „Автор на песната е Адо Ифтиќ, а интересно е што музиката и текстот ги напишав сам, со помош на пријател. Сакаме да се претставиме на публиката во најдобро издание, со македонски јазик и македонски ритам“ – ијави Рамиќ.