Охрид Фест – Охридски трубадури, фестивал најмоќен за регионално и интернационално претставување и брендирање
Видливоста од над 200 милиони гледачи и 200 часа директен пренос на дваесетина телевизии, годинава ќе биде надополнета со присуство на околу 70 пејачи на Фестивалот, како и со бројни пратечки настани и забави, меѓу кои и самото доделување на наградите.

Почитувани,
Доколку Ви требаат видливост, брендирање или претставување, Ви предлагаме деловна соработка со интернационалниот музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури.
Фестивалот што спаѓа во редот на најстарите во земјава е и единствениот што ги надмина, нашите, регионалните и европските граници, со видливост од над 200 милиони гледачи и 200 часа директен пренос на дваесетина телевизии и музички канали.
Досега не следеа и пренесуваа: Балканика, Пајнер и Фен од Бугарија, Тв Визион Плус – Албанија, Тв Бел Ами, Тв Коперникус и Тв Свет Плус од Србија ,Тв Z1 – Хрватска,Тв Хајат – Босна и Херцеговина.
Македонските љубители на музиката не следеа најчесто преку преку МТВ, но и ИН телевизија – Охрид, INFEL – кабловска телевизија, ТВ Куманово, ТВ Сонце, ТВ Стар, ТВ Плус, ТВ Свет, ТВ МТМ и ТВ ВИС. Преносите кои ги емитуваше Македонската радио телевизија преку сателитската програма можеа да ги следат и гледачите од Америка, Австралија , Азија и Европа.
Фестивалот годинава ќе се одржува од 5 до 7 септември, а со инфо – промотивните активности, во делот на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми, можеме да почнеме веднаш по потпишувањето на договорот.
Се на Охрид Фест – Охридски трубадури во септември ќе биде подредено на музиката и на претставувањето на учесниците, спонзорите и на покровителите.
Годинешните спонзорски пакети се : ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР, ЕКСКЛУЗИВЕН СПОНЗОР, СПОНЗОР НА ВЕЧЕР и СПОНЗОРСКИ НАСТАН
Пакетите содржат:
- Емитувања на спот во директниот интернет пренос од фестивалските вечери;
- Кајрон –реклама поставена во преносот од фестивалските вечери;
- Претставување на Вашата компанија од страна на водителите, а според дефинирано сценарио;
- Учество на претставник на Вашата компанијата во жирито на Фестивалот;
- Спонзорска маса за следење на Фестивалот
- Лого присуство на фестивалската презентацијата на прес конференциите, како и на просторот на прес центарот;
- Лого обава на печатени и промо материјали: плакат, каталог, видео-ѕид, флаер…;
- Лого објава на фестивалските влезници;
- Лого присуство на сајтот и на ФБ страната „Охрид Фест – Охридски трубадури„,
- Лого објава на ДВД од сите фестивалски вечери;
- Рекламно присуство на видео ѕидот за време-траење на фестивалските вечери;
Предлог-понудата е со отворени пакети, а може да биде надополнета со Ваша презентација, промоција или реализација на деловна средба. Сето ќе биде во функција на видливоста и брендирањето на Вашата компанија.
СПОНЗОРСКИ НАСТАН – ИЗЛОЖБА, ПРЕЗЕНТАЦИЈА, ПРОМОЦИЈА- на заинтересираните спонзори им овозможува видливост и брендирање преку заедничка организација на дополнителни промотивни содржини. Се организираат заеднички – финансискиот надомест е по договор.
Стоиме на располагање за сите дополнителни информации.
Дирекција на „Охрид Фест –Охридски трубадури“