Младите Битолчани, бендот Молика ОНЕ ќе настапат на фолк вечерта 5-ти септември „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“. Народната музика кога се негува од помладите генерации, се чува традицијата и културата на земјата. Откако го променија своето име од јуниори, музички созреани чекорат храбро кон успесите со бројните настапи.
„Ова е одлична можност за пејачките имиња. Оваа година ќе настапиме со весела песна што ја создаде пријател кој живее во Америка, со кавадаречки текст во наш мелос. Втор пат учествуваме на фестивалот и дружењето со пријателите и соработниците е одлично“ - велат Молика ОНЕ.