Естрадните уметници Барбара Јаковлеска од Швајцарија и Ели Рамиќ од Босна и Херцеговина, ќе се претстават на нашата публика, на 5-ти септември фолк вечерта на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“. Барбара ја носи во срце Македонија и секоја година се навраќа со песна. Ели Рамиќ вели, секогаш памети убави моменти во нашата земја и со големо задоволство ја посетува. За своите композиции најавуваат енергичен ритам и забава за посетителите.