Пепа Димитрова е препознатлива со баладите испеани на Охрид фест изминатите години и одличните кореографии. Оваа година публиката ќе ја види на 6-ти септември, поп вечерта на фестивалот.

„Работам, творам, создавам. Нови композиции проследени со видео записи. Оваа година на мојот сакан Охрид фест-Охридски трубадури ќе настапам со песна поразлична од сите останати. Енергична со брз ритам, лесно певлива на изненадување на публиката“ – вели Пепа.

Зад песната стои композиторот и аранжер Владимир Дојчиновски, а како текстописец се јавува маестралниот Игор Џамбазов. Кореографијата е на "Aqua Dance Club.

„Со самиот факт што настапувам долги години на фестивалот, имам одлична и отворена соработка. Особено што сите се еминентни стручни имиња и професионалци“ – изјави Димитрова.