Меѓународниот фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции за своето 27. издание што ќе се одвива од 10 до 12 септември 2020 година во три вечери: Фолк, Поп и Интернационална вечер,.

Фолк вечерта ќе се одржи на 10 септември и за прв пат ќе биде со интернационален карактер, односно, освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови песни ќе можат да учествуваат и странски автори -  од регионот и пошироко.

Поп-вечерта е закажана за 11 септември, а финалната Интернационалната вечер за 12 септември 2020 година.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2020“ се следниве:

* Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик;

* Наслов на композицијата;

* Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп, Фолк, Интернационална);

* Композициите претходно да не бидат изведувани;

* Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;

„Охрид фест – Охридски трубадури“ ќе одбере и двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо-снимките од нивните композиции е потребно да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следниве електронски адреси: ohridfest.produkcija@gmail.com  и grigorkoprov@yahoo.com

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учество, а рокот за поднесување на пријавите е до 30 мај 2020 година.

„Охрид Фест – Охридски трубадури„, спаѓа во редот на најстарите во земјава и е единствен што ги надминува нашите, регионалните и европските граници. Видливоста од, во просек, 200 милиони гледачи и 200 часа директен пренос и бројни одложени емитувања  овозможуваат долготрајно и сеопфатно меѓународно претставување на авторите и на нивните песни пред милионскиот аудиториум.

Повеќе информации за  „Охрид фест – Охридски трубадури 2020“ на сајтот на Фестивалот, како и на официјалните страни на Facebook и Instagram.