Гордана, годинава за првпат настапувате на „Охрид-фест“, како се реализираше идејата, со оглед на тоа дека доаѓате од Нови Сад, Србија? – Првпат сум во Македонија, и првпат учествувам на фестивалот „Охрид фест“. Го кршам мразот, но морам да ви кажам дека се вљубив во Македонија на прв поглед. Се запознав со Добрила Чабриќ, апсолутно сум фасцнирана со оваа уметница, таа ме запозна со Зоран Христов, и еве сум меѓу учесниците. Многу се почитуваме, како вистинска фамилија сме, во Дојран сум од почетокот на август и ќе останам цел септември. На 11 септември пеам на „Охрид- фест“, песната „Еј да беше судено“ на Томислав Коцевски Пепси и со аранжман на Дејан Миленковски е во 7/8-мински традиционален такт, многу ми се допадна, се надевам убаво ќе реагира и публиката. Колку музиката, песната е дел од вашиот живот? – Родена сум за и со песната, настапував на фестивалот за млади во Суботица, другарував со целата екс ју- естрада, имав настапи низ целата некогашна држава. Но, животот имаше други планови за мене- последните 25 години живеев во Јужна Африка, имав ресторан во Јоханесбург…Откако се вратив во својата земја, се запознав со Добрила, извесно време се допишувавме, и така дојдов во Дојран. Сега оставам животот повторно да ме изненади, и песната конечно да ми стане верен придружник…