Српскиот композитор и хармоникаш Александар Радовановиќ, кој живее долги години во Штудгард, Германија ќе земе учество на 5-ти септември фолк вечерта на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“.

Радовановиќ со музика се занимава од 10 годишна возраст, а како музичар инструменталист настапува со сите познати уметнички вокални имиња во регионов. Во моментов работи во своето „Артон студио“, а сорабптува со големи продукции како Гранд, Мелос, Сезам.

  • „Уметничкиот директор на фолк вечерта Цане Петров го запознав пред една година, кога соработувавме за проект со Ферус Мустафов. Тогаш изразив желба да учествувам на фестивалот, за што Цане ми испрати прекрасен текст на македонски јазик од Огнен Неделковски. Со тоа добив инспирација  и веднаш направив музика, а предложив да го пее босанската пеачка Суада Каришиќ. Голема чест ми е да бидам дел од Охрид фест“- вели Радовановиќ.