Во Интернационалната вечер на годинешниот Охрид Фест – Охридски трубадури  како специјален гостин, со своја шоу програма ќе настапи врвниот мелодиски рок пејач Jim Jidhed .

Jim Jidhed е шведски рок-пејач,  еден од најценетите во мелодискиот рок.Првиот значаен успех го доживува во осумдесетите, со групата “Alien”. По хитот „Only one woman “(“Само една жена”) од 1988 година, “Alien” со Jim станува најголема мелодиска рок-група во Шведска.

Jidhed со “Alien” и деновиве создава музика – новиот албум се очекува во февруари идната година.

По првиот соло албум наречен „JIM“, во 1991 година, Jidhed ќе создаде уште девет, како и бројни синглови, а ќе реализира повеќе турнеи и концерти во Шпанија, Англија, Германија, Ирска и во неколку други европски земји. Освен како рок пејач, познат е и како текстописец и автор на песни за пејачи од Шведска и од странство. За Интернационалната вечер подготвува посебна програма во која, освен хитовите кои го прославија, ќе слушнеме и дел од најновиот музички материјал.

Во поракава  Jidhed  потсетува дека Охрид Фест е наскоро и дека се надева дека ќе се видиме на седми септември, на Интернационалната вечер на Фестивалот.

-The Ohrid Fest festival is just around the corner! Hope to see you guys there on the 7th of September!