Барбара Јаковлеска својата кариера ја започнува на „Златно славејче“ во Скопје, далечната 1971 година. Од најмала возраст учествува на бројни натпревари со хорот под диригентската палка на Запро Запров, заедно со колешките Калиопи и Сузана Спасовска. Како млада играорка, со КУД „Орце Николов“ ја памети наградата во Северна Кореа, Пјонг Јанг каде заедно со Драган Мијалковски и Алида Емини ја изведуваат композицијата за претседателот Кимел Сунг. Во осумдесетите години на минатиот век заминува во Швајцарија каде живее до денес со својот 23 годишен син, а секогаш со задоволство ги посетува музичките манифестации во земјава. Во 2015 снима дуетска песна со Благица Павловска, со што започнуваат нејзините интензивни настапи во регионов. Следува учество во шоуата „Никогаш не е доцна“ во Србија и настапот на Гранд со колегата Ели Рамиќ.

„Оваа година на Охрид фест – Охридски трубадури на фолк вечерта 5-ти септември, ќе настапам со лесно певлива песна и убав текст. Задоволство ми е што е дуетска песна, во мојата земја“-изјави Барбара.