Суада Каришиќ – Цаца публиката ја памети со улогата во филмот „Дом за бесење“ и препознатливиот глас на песната „Ерделези“, која се прее традиционално за празникот Ѓурѓовден.

Младата Суада откако го напушта родното место Нови Пазар и заминува во Сараево БиХ, нејзината желба за актерство се претвора во реалност со добивање на улогата. Следуваат претстави во театарот во Сараево, настапи на фестивали и големи музички ангажмани. Со војната заминува во Германија, каде го основа своето семејство и добива ангажман во германскиот театар „Хаос“ во Штудгард. По нејзиното враќање во родната земја го снима првиот албум и ја продолжува cоработката со Горан Бреговиќ. Во нејзината музичка кариера препознатливи се песните „Среќно заљубена“, „Грешиш душо“, „Животот ме рани“ и песни посветени на нејзината мајка.

„Ја обожувам македонската музика и македонскиот јазик, таа е чуство и идила. Се надевам публиката ќе го доживее, тоа што јас го чуствувам, а текстописецот Огнен Неделковски ќе биде задоволен од мојата изведба. Соработката со Бајса Арифовска бешепрекрасна. Се радувам на Охрид фест - Охридски трубадури 5-ти септември“-изјави Каришиќ.