Фолк легендата Нино Величковски, препознатлив по безвременскиот хит „Свирете ми тамбури“ ќе настапи на 5-ти септември на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“.

„Посакувам мојата нова песна да ја достигне популарноста на песната посветена на Шоиќ во која беше опеан деведетите години, која ќе ја изведам постхумно во негова чест“ – вели Нино.

За соработката со фестивалот, се заблагодарува на уметничкиот директор Цане Петров. „Посакувам многу успешни години и музички живот на манифестацијата“ – изјави Величковски.