Фолк ѕвездата Благоја Грујоски од своите дамнешни почетоци ја освои публиката со легендарната „Туѓино Јабано“, по што низ децениите следуваа хитовските рефрени испеани за родниот крај, љубовта , патриотизмот. Препознатлив по својата насмевка, денес тој претставува позитивен пример во македонската музика  која ја изведува со душа.  

Публиката во Охрид ќе има чест да да присуствува на неговото ревијално шоу на 5-ти септември, каде Баже ќе изведе голем број хитовски композиции. Испеани од неговото грло, внимателно се одбрани темите кои оставија трага низ годините.

 

„На годинешниот Охрид Фест ќе настапам со неколку песни од соработката со легендарниот автор Григор Копров. Сметам дека токму тој стил одговара на таа фестивалска сцена“ – вели Грујоски.

Во својата долгогодишна кариера и настапите во Европа и светот, Благоја ги споделува своите искуства за македонските фестивали кои ја претсавуваат нашата музика надвор од границите на државата.

„Во изминатите години имам неколку учества на Охрид Фест со песни од повеќе автори. Овој фестивал е потврден како ревија на нови фолк и поп нумери и привлекува внимание и надвор од Македонија“. – изјави Грујоски