Учесничка на „Охрид-фест 2020“, Ирена Спасовска: Им се враќам на фестивалите поради преубавата песна

By ohridski

Ирена, настапуваш на 27-мото издание на „Охрид-фест“. Најпосле песна, сцена, фестивал… Како се чувствуваш, каква е песната што ќе ја пееш?– Да токму така, после подолго време на фестивалска сцена… Се чувствувам како прв пат да настапувам, хаха…Се шегувам, последните години фестивалите не ми беа омилени, повеќе работев нови песни поткрепени со спотови, кавери, настапи…