Годинава, се снимаше 28-мото издание на „Охрид фест“: двете вечери, и Фолкот и Интернационалната се случуваа во една долга охридска, долносарајска ноќ

By ohridski

На Фолк вечерта, низ која што водеше Каролина Петковска, слушнавме 16 песни, а  наградените интерпретатори се: Перо Христов- прва, Ирена Спасовска- втора а Барбара Јаковлеска трета награда од жирито. Самите пејчи ги изгласаа наградите од публиката, па така Благица Павловска се пласира на прва, Дарко Билбиловски на втора а Јагода Крнетиќ- Јефтиќ на третата позиција.…

Мирослав Рус, добитник на наградата за промоција на музика на Балканот: Македонија во срцето

By ohridski

Мирослав Рус, годинешниот добитник на наградата за промоција на музика на Балканот, што „Охрид-фест“ традиционално ја доделува секоја година, е еден од најплодните автори од Хрватска чии што песни одамна ги поминале границите на неговата земја. Скоро и да не постои пејач со кого овој музичар не соработувал- Здравко Чолиќ, Жељко Бебек, Мишо Ковач, Нина…

Интернационална вечер, изведувачи

By ohridski

Изведувачи на Интернационалната вечер (11 септември) на Охрид фест се: од Србија- Марко Кон, Срѓан Марјановиќ и Марија Лукиќ, од Хрватска Владо Калембер, Дарко Капо и Теди Грубица, од Црна Гора, Славен Кнезовиќ и Јована Мустур Ражњатовиќ, а Божидар Волф и дуетот Инес Ербус- Давид Амаро се гостите од Словенија. Од фестивалот во Шибеник, Фестивалот…

Познатиот српски кантавтор Срѓан Марјановиќ на „Охрид фест“: Го сакам фестивалот и го обожавам Охрид

By ohridski

Срѓан Марјановиќ, кантавтор и писател, автор на 12 студиски албуми ама и на легендарните песни „Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“.., ќе учествува на 28-мото издание на „Охрид фест“. И покрај константната присутност преку музиката, но и преку пишаниот збор, најголемата слава…